Правилник
на однесување на веб страната и форумот
Prijevodi-online
Секој член кој се има регистрирано ги прифаќа сите точки од правилникот и должен е да ги почитува.
1. Членот е должен да ги почитува останатите членови и нивното мислење без оглед дали се согласува со нив или не.
Изнесувањето на податоци со кои би можело да им се наруши приватноста на другите членови е најстрого забрането.
2. Забранета е продажба/купување/размена или рекламирање на divx материјали, или било кои други нелегални содржини или поставување линкови до нелегални содржини.
3. Модераторот на овој форум одговара единствено на администраторот. Не мора да ги оправдува своите постапки никому освен на администраторот. Потполно е неважно дали погрешил или не, тоа не му дава никому право да го исмејува или навредува на било каков начин.
4. Оваа веб страна исклучиво е наменета за преведување на епизоди. Забрането е да се поставуваат преводи кои не се на домашните јазици (ХР, СР, БС, МК).
5. Забрането е поставување на преводи од филмови кои не се во врска со серии. Веб страната е наменета само за преводи за серии.
6. НЕ БАРАЈТЕ ОД ДРУГИ ДА ВИ ПРЕВЕДУВААТ СЕРИИ ИЛИ ЕПИЗОДИ.7. Не поставувајте прашања КОГА ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ПРЕВОДОТ, ЗОШТО СЕУШТЕ НЕ Е ГОТОВ и слично.
Бидете пристојни, почекајте го преводот и не додевајте му на останатите, а посебно не на преведувачите.Барањето на преводи може да предизвика контра ефект и да го налути преведувачот така што тој да се откаже од преведувањето на епизодите/сериите па нема да има никаков превод.
8. Корисниците кои што ги објавуваат коментарите одговараат морално, правно и кривично за нивната содржина.
9. Секоја порака која ќе се објави на форумот останува во сопственост на овој форум.
10. Пред да поставувате нова тема, прво проверете дали постои таква тема преку search. Пребарувањето извршете го на почетната страна од форумот бидејќи во подфорумот се пребарува само подфорумот во кој вршите пребарување. Ако сте отвориле тема, а веќе постои таква, ќе биде избришана. Оној кој што ќе ја повтори грешката повеќе пати, ќе биде казнет.
10а. Трудете се своите прашања, коментари и мислења да ги напиште во вистинскиот подфорум.
Ако отварате тема за серија за која не постои превод на нашата веб страна (серијата нема своја страница), отворете ја во
Prijedlozi serija.
Ако отварате тема за серија која има барем еден превод на страната (серијата има своја страница), отворете ја во пофорумот
O serijama.
Ако ви е потребна било каква помош, одете во подфорумот
Помош.
Подфорумот
Предлози и критики не е наменет за критикување на преводите ниту за предложување што да се преведе, туку да се предложува како да ги подобриме веб страната и форумот и да ни пријавите за воочените грешки во листите на серии и слично.
11. Не пишувајте со големи букви, зашто големите букви значат дерење (галама), а за тоа нема потреба.
12. За да не би им сте го расипале уживањето на другите корисници во гледањето на омилената серија, користете ја опцијата Spoiler .
Употребата на опцијата Spoiler е задолжителна за секој коментар во врска со работата во сеуште необјавените епизоди, како и првите два дена после прикажувањето на епизодата на телевизија или интернет (webisode).
13. За кршењето на правилата добивате опомена или автоматски бан. Во зависност од врстата на прекршокот, можете да добиете опомена во вид на зелен, жолт или портокалов картон. Зелениот картон (
Зелената опомена) е врста на опомена на психолошко ниво, така да сите посетители можат да ја видат зелената точка во вашиот профил и така ќе знаат дека сте прекршиле некое правило. Жолт картон (
Жолтата опомена) е вид на опомена кога секој ваш пост чека на одобрување од модераторот за да им биде прикажана на посетителите. Портокалов картон (
Портокаловиот картон)е
Mute, така да членот нема да може да пишува постови. Опомените се временски ограничени и ако во тој период не ги прекршувате правилата, опомената ќе биде одстранета. Ако и понатака продолжите да ги прекршувате правилата, можете да добиете бан на одреден временски период или траен бан, односно оневозможување да се пријавите на форумот (логирање) и да учествувате во дискусиите.
14. На форумот исклучиво е забрането навредување и провоцирање на соговорниците, ширење на национална, верска, расна и друг вид на омраза и нетрпеливост. Членот кој на навреда одговори со навреда исто така ќе биде казнет.
15. Забрането е користење на недолични, навредливи текстови и фотографии во потпис со кој се навредува јавниот морал, нечијата припадност во одредени граѓански групи, нација, вера и слично.
15a. Забрането е отворање на налог со недоличен акаунт (корисничко име), вклучувајќи и зборови кои можат да ги навредат чувствата на другите членови. Во акаунтот е неприфатлив национализмот, шовинизмот... како и во било кој сегмент на веб страната и форумот.
16. Вознемирувањето на членовите по пат на приватни пораки, навреди, провоцирања и барање да преведе некој превод е забрането.
Во случај на евентуални проблеми членот може преку ПП да го пријави корисникот за таа предвидена функција, а потоа администраторот во рамките на правилата на корисникот ќе го предупреди или исклучи од форумот.
17. Членот нема право да го брише својот целосен впечаток на форумот бидејќи со тоа се ремети текот на дискусијата и атмосферата на форумот. Тоа ќе биде спречено и санкционирано од екипата на ПО веб страната и форумот.
18. Корисниците немаат право да бараат нивниот налог да биде избришан. Ако не сакате да не посетувате, немојте. Ако не сакате да пишувате, немојте.
19. Забрането е отварање на повеќе налози. Новите налози на банованите членови ќе бидат избришани, а ќе следи и забрана преку IP адресата.
20. Забрането е поставувањето на фотографии/клипови кои не се примерни за форум (мачење на животни и слично)
Околу ПРЕВОДИТЕ И ПРЕВЕДУВАЊЕТО
Потребни квалитети на преводи1. Преводите мораат да бидат во рамките на правописот:
- Речениците мораат да започнуваат со големи букви;
- Во преводите е задолжителна употреба на буквите како што се:
Ќ,
Ѓ,
Ж,
Љ,
Њ,
Џ,
Ѕ;
- Користење на знаците интерпукцијата е задолжителна во склад со текстот кој се преведува и правописот (. , ! ?).
2. Преводите не смеат да содржат непреведени линии на други јазици (освен доколку тоа е во рамките на правописот).
Тука се подразбира дека преводите не смеат да содржат зборови на англиски, помеѓу останатите и: Hey, Hi, Mr., Wow.
3. Различните грешки ка куцањето (tipfeleri) се прифатливи и дозволени.
4. Пожелно е да обрнете внимание на трањето на титловите, така да, да не стоја титловите помалку од една секунда.
5. Пожелно е во името на преводот да навестите и која верзија е рипот (lol, xor, итн.).
6. Обрнете внимание на должината на редовите и време траењето на титлот.
7. Поправките и доработките на преводот мораат да бидат барем на ниво на квалитетот на оригиналот. Значи, доколку bold и italic таговите постојат во оригиналот, мораат да бидат задржани и во адаптацијата. Доколку оригиналот има 400 линии за 40 минути, адаптацијата не може да има двојно или повеќе. Доколку надолгиот ред во оригиналот има 35 знаци, не може во адаптацијата да има 50, итн...
Бришење на поставените преводиЌе бида избришани следниве преводи:
1. Преводи кои не се во склад со потревниот квалитет, што вклучува Google Translator.
2. Преводи кои во себе содржуваат пораки на политичко-пропагандна прирада кои немаат допирни точки со серијата.
3. Украден превод или превод од кој е одстрането името на оригиналниот преведувач.
4. Преводи на кои не е јасно назначено, серијата, сезоната и број на епизодите.
5. Преводи на филмови, кои немаат врска со сериите.
6. Преводи кои не се напишани на домашните јазици (хр, ср, бс, мк).
Додавање на преводи и листи на епизоди на веб страната1. Преводите ќе имаат ознака "проверено" кога ќе ја поминат контролата кај модераторот за квалитет и исправност.
2. Потребни се најмалку три преводи за да се додаде список на епизоди од една серија на веб страната, освен ако не се договориме поинаку. До тогаш преводите ќе стојат во листата на серии под името ПИЛОТ серии. Кога ќе биде преведен третиот превод, серијата ќе добие своја страна, се поставуваат преводите таму и се бришат од листата на ПИЛОТ серии.
Потпишување и доработка на преводите1. Потпишувајте ги своите преводи бидејќи така потешко ќе се дојде до кражба на преводи на оваа веб страна. Ако приметите дека вашиот превод е злоупотребен, јавете им на некои од модераторите или администраторите. Членот кој што го поставил тој превод ќе биде опоменат, а ако го повтори тоа, ќе биде казнет. Преводот ќе биде одстранет.
2. Ако нечиј превод го
поправате,
доработувате,
ЗАДОЛЖИТЕЛНО оставете го потписот на оригиналниот автор, а испод тоа допишете го својот. Во спротивно, ако името на авторот е избришано, а допишано е само вашето, таквите преводи ќе бидат избришани, а вие ќе бидете казнети.
Овој Правилник ќе се дополнува или менува ако за тоа има потреба.